Црногорската берза поднесе апликација за членство во СЕЕ Линк

2

montenegro_berza_0_0_468X10000

Црногорската берза поднесе апликација за членство во регионалната платформа СЕЕ Линк.

По Белградската, Љубљанската, Атинската и берзата на Бања Лука, Црногорската берза ја поднесе петтата апликација за членство во рамки на оваа платформа.

Вклучувајќи ги трите берзи основачи (Загрепската, Македонската и Бугарската), СЕЕ Линк сега се проширува на вкупно осум пазари.

Платформата за пренасочување на налози за тргување СЕЕ Линк стана целосно оперативна на крајот на март оваа година. Двата индекса на СЕЕ Линк See LinX и SEE Linx EWI беа лансирани на почетокот на април, а во нивниот состав влегуваат 10-те најтргувани хартии од вредност на трите берзи – основачи.