Црногорската економија е најзависна од туризмот во Европа

19

Црногорската економија е најзависна од туризмот во Европа, покажуваат податоците од истражувањето на „Светскиот совет за патувања и туризам“ за 2021 година.

Како што се наведува во истражувањето, црногорскиот туризам учествува со 25,5 отсто од БДП на Црна Гора, што е четвртина од целата економија, пишува Инвеститор.ме.

Сепак, ова е помала зависност од туризмот во споредба со претходните извештаи, кога процентот во истото истражување беше 30,8 проценти.

Веднаш под Црна Гора, според учеството на туристичкиот сектор во БДП, е Албанија со 17,4%, а по неа е Хрватска со 16,1%.

Од туризмот најмалку зависат економиите на Полска (2,8 отсто), Литванија (3,3 отсто) и Србија (3,6 отсто).

Туризмот во БДП на Италија учествува со Италија 9,1%, додека во Шпанија тој процент е 8,5%.