Црногорски Робин Худ: Им ги платил долговите на сите во локалната продавница

115

Доставете ми го износот, без имиња на должниците, коишто веќе долго време должат во вашата продавница за да им платам долговите, гласела порака што овие денови ја добила една мала локална продавница во црногорскиот град Бар.

Според тамошните медиуми, анонимниот донатор кој живее во странство ги подмирил сите заостанати долгови во локалната продавница што изнесувале околу 500 евра, плаќајќи ги долговите на оние кои се запишувале во тефтерот. Подоцна било објаснето дека анонимниот донатор сакал во текот на Рамазан, најважниот месец во исламот, да ги израдува своите поранешни сограѓани.

Во Бар со векови живеат припадници на сите три доминантни религии на овие простори.

Според последниот попис од 2011 година, околу 60% од жителите на Бар се изјасниле дека се православни, околу 30% се муслимани, додека околу 8% се католици.

Фото: Pexels