Црвениот Крст на град Скопје во партнерство со ОКТА за унапредување на крводарителството

19

Со дарување крв, под мотото Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот, и партнерството помеѓу ОКТА и Црвениот Крст на град Скопје беше одбележан Светскиот ден на крводарителството, 14 јуни. На овој начин Македонија се вклучи во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството.

Цел на партнерството е преку Клубот 25 промоција и унапредување на крводарителството кај младата популација, што е од особено значење во нашата средина.

“Покрај кампањата Шанса за живот, којашто е од исклучително значење за нас, се приклучуваме на Клубот на млади крводарители, каде исто така сакаме да ја подигнеме свесноста, но овој пат за потребата од крводарителство. Клубот 25 треба да ги поттикне младите да подадат рака за помош кога таа е најпотребна. Веруваме во тоа дека нештата може да се сменат на подобро. Затоа сме активни и ја поддржуваме секоја иницијатива што поттикнува позитивна промена“, изјави Радојка Х. Денковска, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Од анализите на Црвениот крст се гледа дека бројот на млади крводарители се намалува, па со цел во иднина да не соочуваме со проблем со снабдувањето на крвни единици, се спроведува оваа кампања за подигнување на свеста.

Во делот на крводарителство, ОКТА е една од ретките компании којашто прави редовни крводарителски акции. Црвениот Крст преку својот ангажман се обидува да развие алтернативни концепти на системско решение на проблемот со бројот на крводарители и во тој дел неговиот придонес е голем. Таквите заложби резултираат со партнерства од овој вид кои се суштински за провирање на крводарителство како општествена вредност за сите припадници и генерации.

Дневниот центар за дарување на крв во ДХО Даре Џамбаз беше посетен од Претседателот Ѓорѓе Иванов кој поддржа акцијата со дарување крв, а исто така беа присутни и претставници од Институтот за трансфузиона медицина, шефот на Канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Скопје, директорот на Агенцијата за млади и спорт.