Цукерберг го чини Facebook 23 милиони долари

29

Од сметката на Facebook лани се одвоени 23 милиони долари за безбедност и патувања со приватни авиони наменети за својот извршен директор, Марк Цукерберг.

Податоците покажуваат дека трошоците за Цукерберг се значително зголемени во однос на 2018 година, кога за таа цел се потрошени 20 милиони долари, додека во 2017 година беа само девет милиони долари.

Инаку, Цукерберг е во друштво на извршни директори со симболична месечна плата од само еден долар.

Триесет и петгодишниот Цукерберг има богатство што се проценува на околу 65 милијарди долари.

Фото: Facebook