ТТК Банка ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица

23

Од 11-ти овој месец, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи, стои во соопштението.

Каматните стапки на депозитите се намалени од 0,20 процентни поени до 0,50 процентни поени и важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.

Исто така, од банката информираат дека се извршени измени на Тарифата за надоместоци на услугите во областа на денарскиот и девизниот платен промет за физички и правни лица.