ТТК Банка ги намали каматните стапки на девизните депозити

22

ТТК Банка АД Скопје од вчера ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра до 0,30 процентни поени. Како што стои во соопштението од банката, потегот е во согласност со пазарните услови, а новите каматни стапки ќе важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити.

Што се однесува до постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, новата каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Инаку, каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.

Промотивната понуда на девизниот депозит ЕВРО ФИКС 15 за штедење во евра на 15 месеци со фиксна каматна стапка од 1,3% годишно е со важност до 30.9.2018 година.