ТТК Банка го продолжи рокот за Супер станбениот кредит

10

ТТК Банка го продлжи рокот до 31 јули за одобрување без надоместок на Супер станбениот кредит, стои во соопштението од банката.

Овој кредит нуди фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години, грејс период до 12 месеци и 10% сопствено учество. Покрај одобрувањето без надоместок, не се плаќа ни обработката на барање, а нема надоместок и за предвремена отплата од сопствени средства.