ТТК Банка ја продолжува промотивната понуда на потрошувачките и станбените кредити до 31-ви март

18

ttk-banka-580x399ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда без надоместок за одобрување на дел од потрошувачките и станбени кредити до 31.03.2016 година.

Премиум Смарт ненаменскиот потрошувачки кредит во денари, Банката го нуди со фиксна каматна стапка од 6,1% во првата година и рок на отплата до 8 години, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања, за приматели на плата/пензија во банката, без надоместок за одобрување до 31.03.2016 година.

Супер станбениот кредит ТТК Банка го нуди со најниска годишна фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период без надоместоци за  аплицирање и процена за првата година, со грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства, и тоа во продолжена промотивна понуда до 31.03.2016 година.

Атрактивниот кредитен производ на ТТК Банка, мој кредит – ненаменски потрошувачки кредит во денари, кој корисниците имаат можност да го добијат со фиксна каматна стапка од 0,5% до 2,9% годишно, со рок на отплата до 3 години за износи до 100.000 денари, без жиранти, со определен надоместок за одобрување, во промотивен период до 31.03.2016 година.

Дополнително, корисниците имаат можност да аплицираат и за премиум смарт ненаменскиот потрошувачки кредит во денари со девизна клаузула со фиксна каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.