ТТК Банка ја заврши првата емисија на корпоративни обврзници од 1,5 милиони евра

31

ТТК Банка на 12-ти овој месец ја заврши првата емисија на долгорочни хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда, стои во соопштението.

Јавната понуда на хартии од вредност е одобрена од Комисијата за хартии од вредност.

Во Проспектот за запишување и уплата на хартиите до вредност, како што се наведува, ТТК Банка предвиде процент на запишани и платени хартии од вредност од 60% за јавната понуда да се смета за успешно завршена.

Заклучно со 12-ти септември, од понудените 1.500 корпоративни обврзници од првата емисија, продадени се сите во вкупен износ од 1,5 милиони евра, односно 92.236.500 денари на денот на уплатата со што процентот на реализација на јавната понуда изнесува 100%.

Фото: Pixabay