ТТК банка ќе почне со исплата на дивиденда од први јуни

24

ttk banka

ТТК банка донесе одлука за определување на износот на дивидендата и датумите за исплата на дивидендата за 2014 година, објавена на Македонска берза.

Исплатата на дивиденда за 2014 година, според оваа одлука, ќе започне на 01.06.2015 година. Дивидендата ќе се исплаќа во готово (на трансакциските сметки на акционерите).

Според дивидендниот календар, висината на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 15,55554 денари, односно 1,555554% од номиналната вредност на акцијата, што изнесува 1.000 денари.

Акционери кои имаат право на дивидендата за 2014 година е 15.05.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.05.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.05.2015 година.

Нераспределената добивка на банката за 2014 година е 30.025.283 денари, од кои 1.779.907 денари одат како резерви, за дивиденди за обични акции во бруто износ се одвојуваат 14.122.688 денари, додека како нераспределена добивка останува 14.122.688 денари.