ТТК банка откупи 31.336 сопствени акции

19

ttk banka

ТТК Банка АД Скопје откупи 31.336 акци по цена од 698 денари по акција со вкупна вредност од 21.872.528 денари, стои во Одлуката за стекнување на сопствените акции, објавена на Македонска берза.

Согласно Одлуката за стекнување на сопствени акции со откуп  бр.02-3203/10 од 28.04.2014 година, донесена на Седница на Собрание на акционери од 28.04.2014 година, ТТК Банка АД Скопје изврши откуп на 31.336 акции по цена од 698 денари по акција во вкупна вредност од 21.872.528 денари преку Македонска Берза на ден 03.06.2014 година.

Согласно Договорот за трансфер на акции помеѓу Европска Банка за Обнова и Развој и ТТК Банка АД Скопје, акционерот со квалификувано учество Европска Банка за обнова и развој го намали своето учество за 3,45% т.е. од 22,35% на 18,90% од акционерскиот капитал на ТТК Банка АД Скопје.