ТТК Банка прославува 25 години од основањето на еден од нејзините претходници – Тетекс Банка 

21

На 25.12.1993 година беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешната ТТК Банка АД Скопје. Идејата за формирање на уште една банка во Република Македонија, веднаш по нејзиното осамостојување, потекна од АД Тетекс Tетово од тогашниот и сегашен Претседател на Надзорниот одбор на банката, Глигорие Гоговски.

Подоцна, во 2001 година, спојувајќи се заедно Тетекс Банка АД Скопје и Кредитна Банка АД Битола ја оформија Тетекс – Кредитна Банка АД Скопје, којашто пак од 1.6.2006 година заедно со Тетовска Банка АД Тетово продолжи да работи под денешното име ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион во кој, според документите, банкарството почнува да се развива уште во 1930 година, со формирањето на тогашната Тетовска Кредитна Банка АД како една од најстарите банки во македонската банкарска историја до денес.

Денес, ТТК Банка АД Скопје е успешна банка со стабилен позитивен раст. Банката располага со широко распространета мрежа од вкупно седум филијали, 19 експозитури и два шалтера низ целата територија на Република Македонија.