ТТК Банка со добивка од 8,1 милиони денари ги заокружи деветте месеци од 2015

23

ttk banka

ТТК Банка во тековниот период оствари позитивен финансиски резултат во износ од 8,1 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат остварен во истиот период минатата година во износ од 44,3 милиони денари, се вели во Коментарот за остварените финансиски резултати на ТТК банка за период од први јануари до 30-ти септември оваа година.

“Во анализираниот период остварениот нето оперативен приход пред исправка на вредност на финансиски и нефинансиски средства во износ од 103,6 милиони денари е за 15,9% повисок во однос на истиот период минатата година, што претставува показател за подобрената оперативна ефикасност на Банката“, стои во Коментарот објавен на Македонска берза.

Нето приходите од камати на 30.09.2015 година изнесуваат 200,8 милиони денари и бележат пад за 9,1% споредбено со остварените нето приходи од камати во истиот период минатата година, како резултат на намалување на активните и пасивните каматни стапки. Планираните нето приходи од камати во анализираниот период се остварени со 91,1%.

Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 116,1 милиони денари и бележат годишна стапка на раст од 36,3%. Зголемувањето во голем дел потекнува од зголемениот обем на активности во доменот на домашниот платен промет. Планираните нето приходи од провизии се остварени со 103,3%.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 7,9 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 15,9%. Реализацијата на планот во анализираниот период изнесува 112,0%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 23,7 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 9,0 милиони денари или 61,4% како резултат на реализирани капитални добивки од продажба на преземен имот и останати приходи. Степенот на исполнување на планот е 33,8%.

Вкупните оперативни трошоци во периодот 01.01. – 30.09.2015 година изнесуваат 244,6 милиони денари и споредено со истиот период минатата година, повисоки се за 2,6% како резултат на зголемени  трошоци за материјали и услуги и трошоци за вработени.