ТТК Банка во периодот јануари – јуни оваа година прокнижи 56,7 милиони денари

59

ТТК Банка во периодот јануари – јуни оваа година, прикажа добивка од 56.716.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие лани, добивката на компанијата достигна 31.994.000 денари.

“Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2019 година е позитивен и изнесува 56,7 милиони денари, што е за 77,3% повисок од добивката од истиот период минатата година. Зголемениот резултат се должи пред сè на успешното редовно работење и управување со активата и пасивата на банката, спроведување на целите зацртани со деловната политика, контролата на оперативните трошоци и ефикасното управување“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од камата, заклучно крајот на јуни оваа година, достигнаа 131.791.000 денари, додека истиот период лани, изнесуваа 135.531.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваа 65.609.000 денари.