TTK со нови промотивни девизни депозити ЕВРО ФИКС

55

ttk-bankaФото: TTK банка

ТТК банка ја објави новата промотивна понуда на девизни депозити за физички лица со фиксна каматна стапка за штедење во евра на 15 месеци и 25 месеци.

ЕВРО ФИКС 15 депозитот нуди фиксна каматна стапка од 1,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата. ЕВРО ФИКС 25 депозитот нуди фиксна каматна стапка од 2,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата.

Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.

Корисници:

  • Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;
  • Полнолетно деловно способно лице – лично;
  • Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;
  • Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

 Потребни документи:

  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;
  • Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените.

За повеќе детали околу промоцијата можете да се информирате овде.