Тули од отпушоци од цигари

94

cigli

Научници од Институтот за технологија од Мелбурн развија техника за правење тули од отпушоци од цигари, пишува Archdaily.

“Околу шест илјади милијарди цигари се произведуваат секоја година, оставајќи околу 1,2 милиони тони отпад зад себе. Овие бројки може да се зголемат за над 50% до 2025 година, поради зголемување на светската популација“, вели Абас Мохајерани од Институтот за технологија.

Овие тули ќе се произведат така што отпушоците од цигари ќе се соединат со глина пред да се испечат. Со оваа техника, не само што ќе се зачува животната средина, туку ќе се потроши и околу 58% помалку енергија при процесот на печење. Овие тули имаат исти карактеристики како и стандардните, но се многу полесни и подобри изолатори.

Цигарите се еден од најголемите проблеми во заштитата на животната средина бидејќи секоја година се фрлаат на една милијарда отпушоци. Тие создаваат токсичен отпад бидејќи во себе содржат метали како што се хром, арсен, никел.