Тунелот Катланово денес без струја од 10:30 до 14:30 часот

4

АМСМ служба за помош и информации известува дека денес, 30.10.2013 година, тунелот Катланово (Бадар), патен правец Скопје – Велес (М1) ќе биде без напојување со електрична енергија од 10:30 часот до 14:30 часот поради изведување работи на електрична мрежа од страна на ЕВН.

Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр. Паланка, во периодот од 30.10.2013 год. до 02.11.2013 год. ќе се изведуваат во околината на с. Агино (стационажа од км 23+388,43 до км 21+388,43).
Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на трасата.
Од 07.10.2013 започнaa градежни работи на реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
Градежните работи на патниот правец Фурка – Дојран се завршени.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.