Турци заинтересирани за економските зони во Дебар

21

debar Турски бизнисмени од општината Капалки се заинтересирани за инвестирање во Дебар. На средбата која ја остварија со дебарскиот градоначалник Ружди Лата, тие биле запознаени со трите економски зони. Бинзисмените особено искажале интерес за инвестирање во изградба на станбени згради, производствени капацитети од областа на дрвната индустрија, како и за рециклирање на хартија.
Местоположбата на Дебар е еден од главните преуслови поради кои бизнисмените одлучиле да ги посетат овие економски зони. Според нив, позитивно е тоа што охридскиот аеродром е во непосредна близина, како и границата кон Албанија, што ќе им овозможи подобар пласман на нивните производи.