Турција ги продолжува мерките за субвенционирање плати и поддршка за туризмот

34

Турската влада ја продолжи забраната за отпуштање на работници и даночни олеснувања во туризмот за уште два месеца за да може да помогне во ублажување на последиците од пандемијата.

Работниците кои не работат ќе примаат две третини од изгубените плати до крајот на јуни. Во текот на минатата година во владината програма за поддршка поврзана со скратено работно време беа вклучени повеќе од 3,5 милиони работници.

Во Турција минатата година бројот на странски гости се намали за 70% поради глобалните ограничувања, а приходите имаа пад од 65%.

Нов удар за турската економија беше одлуката на Русија да го запре воздушниот сообраќај кон Турција до почетокот на јуни поради драматичен пораст на бројот на новозаразени. Русите лани биле најбројни меѓу странските гости во Турција.

Фото: Pexels