Турција го пушти третиот мост на Босфорот

112

most

Третиот мост на Босфорот е пуштен во употреба во петокот. Мостот Yavuz Sultan Selim, наречен според Селим Први, султан од 16-тиот век кој ја проширил Отоманската империја, е долг 1,4 километри и широк 59 метри. Има осум ленти за сообраќај и две ленти железница што ќе ги поврзуваат Европа и Азија.

Се проценува дека дневно по мостот ќе минуваат 135.000 возила, а тие што ќе патуваат од Европа во Азија ќе плаќаат патарина од околу три долари од 1 септември, јавува Анадолија.

Според турските власти, со мостот ќе се заштедат 1,75 милијарди долари годишно преку скратување на времето за патување и трошоци за енергија, а воедно ќе се намали метежот во сообраќајот и загадувањето.

Овој мега проект кој чинеше околу три милијарди долари е дел од проектот Marmara.

Фото: Анадолија