Турција го раскина договорот со италијански Ени

59

eniТурција ги раскина енергетските проекти со италијанската компанија Ени поради вклученост на оваа компанија во истражување на нафта и гас во кипарските води.

“Одлучивме да прекинеме со соработката со Ени во Турција, како и неговите актуелни проекти”, изјави турскиот министер за енергетика, Танер Јилдиз.

Компанијата Ени, заедно до приватната турска групација Чалик е партнер во проектот за изградба на нафтоводот Самсун – Чејхан, кој би требало да носи руска и казахстанска сурова нафта до турскиот брег.

Чалик треба да донесе сопствена одлука дали ќе ја продолжи соработката со Ени, но официјална Анкара е против останување на Италијаните во проектот.

Набљудувачите велат дека одлуката може да има меѓународни реперкусии, затоа што италијанската фирма е вклучена во партнерство со трети партнери – како што е Русија, и тоа во критична инвестиција за Турција: гасоводот Јужен тек, кој ќе пренесува руски природен гас за Европа, минувајќи низ турски територијални води. ЕНИ во овој проект е во партнерство со руски Газпром и француски ЕДФ.

Турција претходно предупреди дека компаниите кои учествуваат во истражување на енергетски ресурси во водите на Кипар ќе бидат исклучени од турските енергетски проекти.