Турција ја укина забраната за увоз на млечни производи од Бугарија

63

bg mlecni proizvodiПо речиси 16 години забрана за увоз на бугарски млечни производи, турските власти повторно го отвораат пазарот, објавија од бугарското Министерство за земјоделство и храна. Се укинува и забраната за увоз на јајца.

Иако Турција официјално никогаш не го забрани бугарскиот увоз на млечни производи, увозот практично не можеше да се реализира од 1997 година. Причина за тоа беа барањата на локалните ветеринарни власти, според кои, за да се оствари увоз во Турција, во земјата што сака да извезува не треба да има случаи на шап и лигавка, што беа откриени во Бугарија. За увоз на јајца требаше во земјата да не се регистрирани случаи на Њукастелска болест и други слични заболувања, кои периодично се појавуваа во Бугарија.

Компаниите кои ќе извезуваат млечни производи за Турција треба да имаат воведен систем за безбедност на храната НАССР и да поседуваат други европски нормативни документи за гаранција на безбедноста.