Турција ќе ги приватизира патарините

36

turcijaПлановите на Турција да ги приватизира патарините и мостовите преку јавна понуда ќе бидат завршени во првиот квартал на 2014 година, ако сите бирократски процеси се одвиваат како што е планирано, велат властите, пренесуваат турските медиуми.

Во моментов, владата се обидува да ги направи потребните регулаторни измени да се формира една компанија која ќе биде сопственик на патарините и мостовите и да ја понудат на јавноста. Компанијата која ќе биде поставена да ги понуди патарините и мостови на јавноста, ќе одвојува 1% од своите приходи за финансирање на трошоците за одржување на патиштата. Трошоците што ќе го надминат овој износ ќе бидат потрошени од буџетот да се заштитат акционерите од финансиски загуби.

Во февруари минатата година министерството за финансии го откажа тендерот за приватизација на патарините тежок 5,7 милијарди долари со образложение дека најдобрата понуда е пониска од очекуваното. Веднаш по откажувањето, Владата работеше на неколку опции, но се одлучи за јавна понуда.