Tурција минатата година оствари рекорден извоз

58

Министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан соопшти дека земјата во изминатата 2020 година остварила извоз во рекордна вредност од 169,5 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија.

Турција во декември го регистрираше највисокиот реализиран извоз на месечно ниво досега од 17,8 милијарди долари, што е за 16% повеќе од истиот период претходната година.

Увозот на Турција, исто така, забележа пораст за 4,3% и во 2020 година изнесува 219,4 милијарди долари.

Укажувајќи на негативните последици што ги има пандемијата на Ковид-19 врз глобалната економија, Пекџан рече дека Турција и при такви пазарни услови остварила забележителни успеси и дека се очекуваат нови големи економски исчекори во наредниот период.

Бројот на турски извозници минатата година надмина 87.400, што е за 3,6% повеќе од бројот на извозници во 2019 година.

Фото: Pixabay