Турција мора да го прифати еврото ако стане членка на ЕУ

8

A pile of Euro coinsТурција мора да го прифати еврото како своја национална валута ако се приклучи на Европската унија и ги исполни потребните услови, изјави еврокомесарот Штефан Филе.

Коментарот на Филе доаѓа како одговор на писменото прашање на европарламентарецот Марио Боргецио по повод неодамнешната изјава на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека Турција планира да создаде лиразона, наместо да го прифати еврото по пристапувањето во ЕУ.

Филе истакна дека во рамките на преговорите, обврска на Турција е да го прифати еврото.

“Откако Советот на ЕУ ќе го одобри членството на Турција (по исполнување на бараните услови), Турција ќе се приклучи на економската и монетарната унија и ќе го усвои еврото како своја национална валута”, одговори Филе.

Кон крајот на минатата година, Ердоган изјави дека некои членки на Европската унија и советувале на турската влада да направат лиразона и самиот премиер беше согласен со таа идеја.

“Има членки на ЕУ кои велат дека се против еврото и дека не сакаат да бидат дел од еврозоната. Тие дури и не советуваа да не помислуваме на влез во еврозоната, туку да направиме зона на турската лира. И да ви кажам, јас се согласувам”, изјави Ердоган.