Турција: На аеродромот Ататурк 1.500 полетувања и слетувања за еден ден

31

Ataturk-airport-istanbul-700x437

Аеродромот Ататурк во Истанбул на 18-ти овој месец постави нов рекорд од 1.500 слетувања и полетувања за еден ден, пишува Хуријет.

Според податоците, преку националните линии полетале 236 авиони, а 245 слетале. На меѓународните линии, на истиот аеродром, полетале 513, а слетале 506 авиони.

Причина за овој рекорд е национален празник, кога голем број Турци патуваат за да бидат со своите блиски.

Претходниот рекорд на аеродромот со 1.478 полетувања и слетувања беше поставен на деветти септември.