Турција оствари најголем јануарски извоз на сите времиња

Турскиот министер за трговија Мехмет Муш рече дека земјата забележала раст на извозот од 17 отсто во јануари во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи 17,6 милијарди долари, што е најголемиот јануарски извоз на Турција на сите времиња, јавува Anadolu.
Министерот Мус се сретна со првиот човек на Собранието на турски извозници (ТИМ) Исмаил Ѓуле и изјави дека Турција го продолжила трендот на раст на извозот што го одржува во текот на минатата година.

„Од друга страна, нашиот јануарски увоз изнесуваше 28 милијарди долари, што е резултат на неочекувано тешките зимски услови и порастот на цените на енергенсите минатиот месец“, рече Мус.

Тој објасни дека Турција увезла девет милијарди енергија во јануари, а вкупниот преостанат увоз изнесува 19 милијарди.