Турција почна со изградбата на Истанбулскиот канал вреден 15 милијарди долари

Во Истанбул вчера свечено беше свечено поставен камен-темелник за изградба на мостот Сазлидере, првиот мост на мегапроектот за изградба на Истанбулскиот канал, кој, паралелно со Босфорот, ќе ги поврзува Мраморното и Црното Море.

“Денес вртиме нова страница во историјата на развојот на Турција. Ние го гледаме Истанбулскиот канал како проект за спас на иднината на Истанбул”, рече турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на церемонијата.

Потсетувајќи дека во 30-тите години на минатиот век, просечно 3.000 бродови пловеле по Босфорот на годишно ниво, Ердоган рече дека сега тој број се зголемил на 45.000 и дека се проценува дека ќе се зголеми на 78.000 до 2050 година, пренесува агенцијата Анадолија.

“Нашата цел е да го завршиме Истанбулскиот канал за шест години и по цена од близу 15 милијарди долари“, рече Ердоган.

Тој исто така рече дека мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал ќе се реализира на начин што ќе биде еден од најеколошките проекти, не само во Турција, туку и во целиот свет.

Ќе се градат шест мостови долж Истанбулскиот канал, кој ќе се протега по европскиот дел на Истанбул, а на неговите брегови ќе бидат изградени два града.

Фото: kanalistanbul.gov.tr