Турција со 74% помалку туристи оваа година

36

Турција од почетокот на годината до крајот на септември ја посетиле 9,46 милиони странски туристи, пренесува Хуријет.

Воведениот карантин и ограниченото движење поради пандемијата го намали бројот на туристи во Турција за 74% во однос на истиот период лани, покажуваат официјалните податоци. Во последните два месеци, август и септември, земјата ја посетиле четири милиони странски туристи, но само 50.000 гости од странство ја посетиле Турција во април и мај, кога беше активен првиот бран од Ковид-19.

Истанбул беше најпосетуван од страна на гостите од целиот свет, па привлече 38,28% од странските туристи или околу 3,6 милиони луѓе. Анталија е втора по посетеност со над 2,4 милиони туристи, а трета е провинцијата Едрене, што граничи со Бугарија и Грција со 13,16% од вкупниот број на странски туристи во Турција.

Околу 7,2 милиони од туристите во Турција допатувале преку воздушен пат, 2,12 милиони се одлучиле за патување по автопат, 148.550 преку воден пат, додека 4.532 дошле во земјата со воз.

Најбројни меѓу странските туристи се оние од Турција (15%) или околу 1,4 милиони, по кои следуваат Германците со 9,65% (912.749 туристи) и Украинци со 8,17% (772.851 турист).

Во текот на 2019-та година, над 45 милиони странски туристи влегле во Турција, што е повеќе од 39,5 милиони во 2018-та.

Фото: Freepik