Турција со над 12 милијарди долари странски директни инвестиции во 2016 година

16

pari

Турција во 2016 година имаше прилив од над 12 милијарди долари странски директни инвестиции (СДИ), што е повеќе од очекуваното поради сите случувања во земјата и во тој регион, според првиот човек на Интернационалната асоцијација на инвеститори, Ахмет Ердем, пишува Хуријет.

Според Ердем, приливот на СДИ забрзал на крајот од годината, што е показател за позитивен развој.

Според извештајот на асоцијацијата, во 2016 година најмногу СДИ, 4,1 милијарди долари се привлечени во секторот на услуги, 3,8 милијарди во секторот на недвижности, 2,5 милијарди долари во индустрискиот сектор, 26 милиони во земјоделскиот сектор и 2,1 милијарда до другите сектори.

Турција во 2015 година беше 20-та најпопуларна дестинација за прилив на СДИ, со вредност од 16,5 милијарди долари, што е за 36% повеќе од претходната година.

Највисок прилив на СДИ во оваа земја е забележан во 2007 година, во вредност од 22 милијарди долари.