Турција со рекорден принос од околу 10 милијарди долари од приватизации

37

turcija

Турција забележа рекорден принос од реализираните приватизации од почетокот на годината, што ги надмина и очекувањата на тамошните власти. Приносот е околу 10 милијарди долари благодарение на приватизирањето турската национална лотарија, која за 10-годишната лиценца инкасираше над 2,75 милијарди долари во државната каса, јавува турскиот весник Хуриет.

Податоците на турската Агенција за приватизација покажуваат дека вкупниот износ на реализирани приватизации во првата половина од оваа година е надминат за 1,6 милијарди долари, а овој износ четирикратно се зголемува по продажбата на повеќе електрани како и на турската национална лотарија.

Тендерите во енергетскиот сектор имаат вкупна вредност од над 5,4 милијарди долари. Турскиот конзорциум од компаниите Net Sans Holding, која веќе располага со бизниси во светот на обложувањето и игрите на среќа, и Hitay, која е сопственик на првата интернет платформа за обложување bilyoner.com. ја добија лицената за турската национална лотарија, откако дадоа највисока понуда на тендерот од 2,75 милијарди долари, што беше одржан на 15 јули.