Турција: Странци за шест месеци купиле недвижнини вредни три милијарди долари

37

Странски државјани во Турција купиле недвижен имот во вредност од околу три милијарди долари во првата половина од оваа година.

Вкупно 19.952 куќи се продадени на странски државјани во периодот јануари – јуни оваа година, пренесува Хуријет. Бројките, како што се наведува, покажуваат раст од 67% во споредба со истиот период лани. Се очекува до крајот на годината, странски државјани во Турција да купат рекордни 50.000 куќи.

Најголем дел од недвижнините се купени во Истанбул (8.900), по што следи туристичкото место Анталија (4.093) и главниот град Анкара (1.111).

Најчесто, како купувачи се јавуваат жители на Ирак, Иран и Русија.

Фото: Pixabay