Турција за седум месеци од извоз на лешници заработи 1,65 милијарди долари

105

Турција, којашто е најголем извозник на лешници во светот, во период од септември лани до март оваа година, заработи 1,65 милијарди долари, пренесува Хуријет.

Податоците покажуваат извозот за овие седум месеци е зголемен за 52% во споредба со истиот период лани.

Оваа сезона, што почнува во септември, а завршува во август, извозот на лешници на Турција забележа 250.777 тони, што е 32% скок во споредба со истиот период претходно.

Фото: Pixabay