Туристичка компанија, среде пандемија, доби инвестиција од 200 милиони долари

23

Иако пандемијата силно го погоди туристичкиот сектор, сепак една туристичка компанија успеа да привлече инвестиции од 200 милиони долари.

Станува збор за Klook од Хонгконг, којшто досега со овие 200 милиони долари има вкупни инвестиции од 721 милион долари.

Klook се фокусира на решенија за дигитализација на резервации, изнајмување на автомобили и таканаречени staycation или одмор во близина на домот.

Стартапот го добива името од Keep looking, а е основан во 2014 година од тројца пријатели. Првично бил замислен како интернет платформа за резервација на патувања, сместување, активности во слободно време и слично.

Пандемијата им задала силен удар, но екипата на Klook не седеше со прекрстени раце, па на средината на 2020 година, воведоа повеќе активности коишто корисниците можеле да ги прават во своите домови, заштитени од вирусот. На пример, имале сетови за изработки во домашни услови, а потребните материјали им ги доставувале на домашна адреса.

За оние кои и понатаму сонувале да патуваат, Klook организираше виртуелни тури на најпознатите знаменитости во светот.

Развиле и три иновативни алатки, коишто им помогнале да опстанат и да ѝ пркосат на пандемијата со добри резултати. Сето тоа им донело за 150% повеќе активности во однос на 2019 година.

Фото: Freepik