Туристичка понуда на Македонија на првиот меѓународен саем за туризам во Тирана

70

tirana-saem-za-turizam

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија викендов за прв пат ја претстави туристичката понуда на Македонија на првиот меѓународен саем за туризам (MTF – Mediteranian tourism fair) во Тирана, Албанија.

За време на саемот за туризам во Албанија, што беше во организација на албанската влада, АППТ ги претстави природата и културата со кои располага Македонија пред 73 излагачи и бројни гости, а интересот беше огромен, посебно од помладата публика.

Директорката на АППТ, Лела Крстевска беше учесник и на панел дискусија за време на саемот заедно со министерот за трговија и индустрија на Косово, Хикмете Бајрами, министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Албанија, г-а Милва Економи и г-дин Брајан Вилијам, координатор на Обединетите Нации во Албанија.

За време на дискусијата насловена како како Регионална соработка во туризмот во контекст на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед, ја истакна суштината на меѓународната соработка во регионот и ја потенцираше нејзината важност во име на одржливиот туризам.

За време на панелот, Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот – Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно ќе се претстават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за Азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработката.