Туристичката сезона во Хрватска би можела да почне на први јуни

67

Во Хрватска оваа недела почнуваат договорите за епидемиолошки мерки за угостители, хотелиери и приватно сместување за да може туристичката сезона да почне на први јуни, пишува Jutarnji list.

Угостителите, хотелиерите и претставниците на приватните здруженија за сместување ќе одржуваат видео состаноци со Министерството за туризам и Националниот штаб за цивилна заштита за епидемиолошките мерки што ќе им бидат пропишани со цел, како што велат соговорниците од ресорното министерство, туристичката сезона во Хрватска да почне од први јуни, најдоцна до 15 јуни, пишува весникот.

Угостителите веќе предупредуваат дека рестораните, баровите и кафулињата нема да ги отворат на 11 мај, доколку условите бидат престроги, доколку треба да има големо растојание помеѓу масите и да вградат плексиглас, бидејќи тие само ќе имаат загуби.

Затоа угостителите и туристички работници на Хрватската занаетчиска комора побараа да им се овозможи да отворат и внатрешни простори, по примерот од Австрија.

Сепак, според информациите на весникот, најверојатно ќе почнат да работат само терасите, како што е дефинирано со одлуката на Владата за постепено реактивирање на економијата, а во зависност од епидемиолошката состојба до крајот на мај, ќе се разгледува и отворањето на внатрешните простори.

Фото: Pixabay