Туристите и инвестициите не го одминаа овој град иако владее пандемија

48

Турскиот туристички град Бодрум продолжува да привлекува странски туристи и инвестиции иако владее пандемија, пишува Хуријет.

“Домашните и странските инвестиции постојано се зголемуваат во последните години и не запреа ниту во време на пандемија“, рече Ахмет Арас, градоначалник на Бодрум.

Досега во инфраструктурни проекти во овој град се вложени околу пет милијарди долари.

“Елитни глобални хотелски брендови и понатаму се интересираат за Бодрум“, вели тој, додавајќи дека најголем интерес има од САД, Германија, Холандија и Велика Британија.

Според него, странските гости, освен што се интересираат за убавините на градот, во Бодрум доаѓаат и поради здравен туризам, семинари или конгреси, изградба на јахти и спортски комплекси.

“Русите се најмногу заинтересирани за спортски туризам, особено за хокеј на мраз, што сега е во проектна фаза“, додава Арас.

Во овој момент, хотелите во Бодрум работат со 90% од капацитетот, а во градот во јули имало околу 30.000 луѓе дневно.

Фото: Pixabay