Туризмот во Португалија како во 80-тите години на минатиот век

26

Туризмот во Португалија во текот на минатата година ги имаше најлошите резултати од 80-тите години на минатиот век поради пандемијата и рестриктивните мерки.

Во хотелите во Португалија лани престојувале помалку од четири милиони странски туристи, што е скоро 76% помалку одошто во рекордната 2019 година.

Според официјалните податоци, бројот на ноќевања се намали за 75%, на 12,3 милиони, што е најниско ниво од 1984 година.

Ноќевањата на туристите во Велика Британија, што спаѓаат меѓу најголеми пазари за туризмот во Португалија, се намалија за повеќе од 78%. Се намали и бројот на ноќевања на туристи од Кина и САД со 82 и 87%.

Вкупните приходи на хотелите во Португалија се намалија за 66%.

Португалија е земја со околу 10 милиони жители од кои, заразени се 785.756, а починале 15.321 лице.

Фото: Pexels