
Податоците од првата половина од оваа година покажуваат дека сместувачките капацитети во Виена во овој период оствариле приход од над половина милијарда евра, што гледајќи ја севкупната состојба на туризмот во овој град, повторно го достигна нивото на приходи пред коронавирус пандемијата и е за 70 отсто поголема во споредба со истиот период лани.
Минатиот месец во Виена се регистрирани 1,7 милиони ноќевања, што е зголемување за околу 18 отсто во однос на претходната година, пренесува Танјуг.
Во главниот град на Австрија од јануари до јули се забележани 9.177.000 ноќевања, што претставува раст од 43 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Најважните пазари од каде доаѓале туристи биле Германија, Австрија, САД, Велика Британија, Италија и Шпанија.