Turkish Airlines лани остварил профит од 175 милиони долари

11

aircraft-2634503_960_720Турскиот авиопревозник Turkish Airlines минатата година остварил профит од 639 милиони турски лири, односно 175 милиони долари, пишува Hurriyet Daily.

Вкупниот приход од продажбата во 2017 бил 39,7 милијарди лири, односно 10,8 милијарди долари, што е за 35% повеќе споредено со 2016 година.

Лани, вкупниот број на патници кои биле превезени со Turkish Airlines изнесувал 68,6 милиони, односно за 9,3% повеќе од претходната година.

Авиокомпанијата моментално поседува повеќе од 330 авиони – патнички и товарни.

Turkish Airlines шест години по ред од 2011 до 2016, беше прогласена за Најдобар авиопревозник во Европа од страна на Skytrax, додека девет години по ред го носи епитетот Најдобра авиокомпанија во Источна Европа.