Турската лира е на историски најниско ниво

83

Турската лира ослабе за 1,6 отсто на рекордно ниско ниво во однос на доларот, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека наредил протерување на амбасадорите од Соединетите Држави и од девет други западни земји.

Валутата достигна рекордно ниско ниво минатата недела откако турската централна банка ја намали референтната каматна стапка и покрај зголемената инфлација, во шокантен потег што економистите и опозициските пратеници го исмеаа како непромислен.

Лирата го достигна својот историски минимум во неделата. Валутата оваа година падна за речиси 24%, пренесува Ројтерс.