Турски TAV планира нови преземања на аеродроми низ светот

21

 

tav

Турски Tav Airports прави планови за нови преземања на аеродроми во рамки на одлуката на компанијата од пред две години, изјави претседателот на TAV, Сани Шенер, пишува Хуријет.

“TAV е оператор на 69 аеродроми ширум светот, којшто пред две години оперираше само со 14 аеродроми. Наскоро ќе почнеме со работа и во главниот град на Филипините – Манила“, изјави Шенер.

Според него, ќе има неколку тендери за приватизација на аеродроми во Африка, Русија и САД во следниот период, а TAV e заинтересиран за соработка.

TAV во овој момент оперира со повеќе аеродроми во Турција, Грузија, Тунис, Македонија, Саудиска Арабија и Хрватска.