Турските серии го поттикнуваат извозот на земјата

34

Турските серии предизвикаа голем интерес кај публиката и придонесуваат за имиџот и промоцијата на земјата, а во исто време го зголемуваат извозот на производи, пишува Daily Sabah.

Во последните три години има зголемен извоз на производи во повеќе земји, во коишто се емитуваат турските серии, меѓу кои се: Венецуела, Бразил, Перу, Парагвај, Доминикана, Аргентина, Уругвај, Чиле… Во 2018 година, во однос на 2016-та, извозот во Венецуела се зголеми за 572%. Исто така, турскиот извоз во Египет бележи пораст, и покрај заострените политички односи на двете земји.

Турските серии имаат голема база на обожаватели и во Африка, па и во многу земји од тој континент се забележува пораст на извозот. На пример, извозот во Сенегал е зголемен за 153%, во Танзанија за 134% и во Кенија за 63%.

Овие серии се популарни и на нашите простори, па според Daily Sabah, Турција бележи голем пораст на извозот и во Романија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

Фото: Pixabay