Тужба против Amazon поради наводна продажба на опасни производи

14

Американската комисија за безбедност на потрошувачките производи поднесе тужба против Amazon, поради наводна продажба на опасни производи.

Федералниот надзорен одбор бара од гигантот во онлајн трговијата да престане со понатамошна продажба, пренесува CNN.

Меѓу наведените производи во тужбата се детектори за јаглерод моноксид, пижами за деца што може да бидат запаливи и скоро 40.000 фенови за коса, кои ако паднат во вода може да предизвикаат струен удар.

Наведените производи не ги продава директно Amazon, туку трети компании што ја користат платформата на Amazon. Многу од тие компании што продаваат опасни производи се од странство, па можностите комисијата да ги присили да престанат да продаваат такви производи се ограничени.

Комисијата навела дека тужбата против Amazon е единствен начин за да се заштитат потрошувачите.

Фото: Facebook