Тужба за компанија што тврдела дека нејзината облека е отпорна на Ковид-19

151

Австралиското регулаторно тело поднесе тужба против ланец продавници за спортска облека за жени под името Lorna Jane поради оглас во којшто тврди дека нивните хеланки и маици го запираат ширењето на коронавирусот.

Против компанијата ќе бидат преземени правни мерки, наведувајќи дека се промовираат лажни тврдења и се прекршува законот за потрошувачи.

Компанијата претстави “антивирусна спортска облека“, тврдејќи дека е испрскана со LJ Shield, состојка што наводно штити од вируси и патогени, како што е Ковид-19. Во огласите било наведено дека оној кој ја носи спортската облека “во целост ја елиминира можноста од ширење на смртоносниот вирус“.

“Наводите на кампањата на компанијата создаваа впечаток дека се базирани на научни и технолошки истражувања, што не беше случај“, порачуваат од австралиското регулаторно тело.

Поради тужбата, компанијата ја преименуваше линијата во “антибактериска“.

Фото: Freepik