Твининг проект за хармонизација на царинското законодавство

11

Царинската управа на Република Македонија денеска го започнува Твининг проектот Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока, финансиран преку ИПА ТАИБ 2010.

Крајната цел на проектот, што се реализира со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија, е Македонија да биде примена во Конвенциите за заеднички транзит и поедноставување на формалностите при трговијата на стока.

Твининг проектот треба да се обезбеди поддршка на Царинската управа во хармонизацијата на царинското законодавството и подигањето на оперативните капацитети за да ја постигне својата мисија за ефективен, модерен и безбеден царински систем сообразен со барањата и стандардите на ЕУ.