Твининг проект за јакнење на капацитетите за макроекономски анализи

66

proektСо поддршка на ЕУ, денеска се отвора Твининг проектот за поддршка на Министерството за финансии и јакнење на капацитетите за макроекономски анализи и формулирање на политики.

Вкупниот буџет на проектот е околу еден милион евра.

Проектот има за цел да го поддржи Министерството за финансии за подобрување на економските анализи и вештините за прогнозирање како и создавање на среднорочна и долгорочна макро-фискална рамка преку понатамошен развој на капацитетите за макроекономско моделирање и даночни приходи, општествените трошоци и добитки, фискални анализи и подобрување на процесите за буџетските планирања.

Проектот започна во декември 2012 година, а ќе заврши во декември 2014 година. Главен фокус на проектот е размена на искуства за економските анализи, за економски прогнози како и креирање на политики со цел подобрување на квалитетот на информации наменети  за носителите на економските политики, потребни за успешен процес на донесување одлуки. Со проектот треба да се подобрат економските анализи и вештини за економска прогноза на Министерството за финансии, да се зајакнат вештините на вработените во сферата на макроекономските проекции, даночно моделирање, фискални и економски анализи.

На отворањето ќе присуствуваат заменик претседателот на Влада и министер за финансии Зоран Ставрески и евроамбасадорот Аиво Орав.