Twitter достигна 192 милиони корисници дневно минатата година

27

Тwitter имаше 192 милиони корисници дневно во четвртиот квартал од 2020 година, што е скок од 26% на годишно ниво.

Во тој период имаше претседателски избори во Америка кои ја анимираа американската и странската јавност.

Тоа беше пред социјалната мрежа да го исклучи поранешниот американски претседател Доналд Трамп во јануари поради повеќекратни повици за насилство и пред да се исклучат бројни екстремистички налози што го поддржуваа поранешниот претседател на САД.

Тwitter објави солидни резултати за последните три месеци од 2020 година, а извршниот директор Џек Дорси цела 2020 година ја нарече “извонредна година“ за таа платформа.

Компанијата имала добивка од 222,1 милиони долари во период од октомври до декември, што е за 87% повеќе од годината претходно.

Фото: Pixabay