Twitter како алатка за спречување на срцеви болести?

46

twitter

Фото: Pixabay

Според едно заедничко истражување спроведено од научници од универзитетите од Пенсилванија, Универзитетот Нортвестерн во Чикаго и универзитите во Мелбурн, негативните емоции искажани во твитовите укажуваат на ризик од појава на срцеви болести.

Истражувањето е спроведено на територијата на САД, а во истото учествувале 1.300 американски окрузи (88% од популацијата), во кое научниците анализирале повеќе од 148 милиони твитови напишани во периодот од 2009 до 2010 година.

Во местата каде биле регистрирани голем број на твитови кои манифестирале стрес, лутина и замор, забележан бил и поголем број на смртни случаи, поврзани со срцеви болести.